Како капата која го покрива лицето ја освои модната сцена?
На трендот познат како балаклава или капата под која се гледаат само очите, влијаеше и пандемијата, но корените си ги влече од едно друго време.
Еден од оние кои го популаризираа овој детаљ, беше токму креативниот директор на Gucci.
Алесандро Мишел уште во 2018-та година ја претстави балаклавата во склоп на својата креативна колекција за Gucci, но со текот на пандемијата, дури сега доживува слава.
Волнените капи порано ги носеле британските и ирските војници, во периодот од 1853-та до 1856-та, а ги плетеле нивните сопруги.
Оваа капа е воедно симбол на оние кои сакаат да го скријат својот идентитет.
Сега, апетитот за нешто ново на модната сцена, ни го донесе токму овој моден додаток:
М. Д. | Црнобело