„Круша под круша паѓа“ - наследнички на супермоделите од ’90-тите чија убавина ќе ве воодушеви
Ќе се согласиме, називот „супермодел од деведесеттите“ има навистина посебен шарм.
Во тоа време манекенките Кејт Мос, Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Линда Еванџелиста, Клаудија Шифер и многу други, заедно го создадоа имиџот на најголемите модни брендови.
Но, не залудно велиме – „круша под круша паѓа“, и тоа не е исклучок ниту во овој случај.
Ќерките на дел од гореспоменатите дами моментално ги следат нивните стапки и мора да признаеме дека тоа го прават одлично.
Во продолжение погледнете како изгледаат наследничките на најпознатите супермодели од ’90-тите:
Каја Гербер
Синди Крафорд и нејзиниот сопруг, поранешниот модел Ренди Гербер, имаат две деца - ќерката Каја и синот Присли.
21-годишната Каја Гербер ја започна својата манекенска кариера на шеснаесет години и веќе важи за една од најпосакуваните медиумски и модни личности денес.
Таа продолжува да ја гради својата манекенска кариера со кампањи за брендовите Saint Laurent, Calvin Klein, Celine и Jimmi Choo и насловните страници на најголемите светски модни списанија.
Лили-Роуз Деп
Ванеса Паради, мајка на 23-годишната Лили-Роуз Деп, француска манекенка, беше позната во ’90-тите по својата нежна, женствена убавина, талентот за пеење и бракот со популарниот актер Џони Деп.
Лили-Роуз како тинејџерка влезе во светот на медиумите, а денес ја знаеме како успешна актерка во филмовите Silent Night, Voyagers и The King.
Покрај тоа, Лили-Роуз редовно работи со нејзината мајка како амбасадор на брендот Шанел.
Лила Грејс Мос
Ќерката на Кејт Мос е на одличен пат да стане супермодел како нејзината мајка. Лила Грејс Мос е ќерка на Кејт Мос и нејзиниот поранешен партнер Џеферсон Хак.
Таа дебитираше како модел на ревијата на Miu Miu, а со Кејт Мос се појавува и на бројни ревии и фотографирања.
20-годишната Лила веќе има соработувано со многу модни куќи, меѓу кои Versace, Fendi и Richard Kuinn, а освен со манекенство, во иднина да се занимава и со некој друг бизнис во модниот свет.
Лили Мекменами
Лили Мекменами е модел на високата мода која е позната по својот уникатен изглед, стил на облекување и држење на телото.
Како и нејзината мајка, супермоделот Кристен Мекменами - таа ја започна својата модна кариера скромно. На 18-годишна возраст се пресели во Париз, каде работеше како келнерка и полека се проби во светот на високата мода.
Денес, Лили може да се пофали со кампањи за брендовите Louis Vuitton, Fendi, Moschino, Balmain i Kenzo.
https://www.instagram.com/p/CNHhjc4BifX/
https://www.instagram.com/p/CGppYXpBYAO/
Лени Олуми Клум
По стапките на нејзината мајка, ќерката на Хајди Клум станува модна ѕвезда.
Лени (18) својата модна кариера ја развива во родната Германија и станува сѐ попрепознатливо модно име во светската индустрија.
Заедно со Хајди Клум се појави на разиграната насловна страница на магазинот Vogue, ја претстави својата модна колекција наречена About You и сѐ почесто можеме да ја видиме на црвениот тепих во придружба на мама Хајди и тато Сила.
Мила М. | Црнобело