Тренди облека и додатоци кои можеби изгледаат добро, но не се воопшто практични
Кроп-топ блузоните и минијатурните чанти можеби изгледаат стилски и се одлични за фотографирање, но во реалноста не се воопшто практични.
Кога купуваме облека, не е важен само изгледот, туку и удобноста. Во зависност од сезоната, важно е и дали облеката ќе нè стопли или ќе биде доволно лесна за да ги истрпиме високите температури.
Но, кај инфлуенсерките кои ги диктираат модните трендови неретко огромен хит се парчиња кои воопшто не ги исполнуваат овие услови. Односно, ако си ги купите, тешко дека некогаш ќе ги облечете.
Кои тренди парчиња не се воопшто практични за носење?
„Кроп-топ“ џемпери и блузони
Овие џемпери и блузони изгледаат одлично за фотосесија, но не можете да ги носите за ништо друго.
Во зима сигурно нема да ве стоплат поради краткиот крој, а во лето сигурно ќе ви биде жешко поради долгите ракави и дебелиот материјал.
Минијатурни очила и очила со специфичен дизајн
Невозможно е да ги носите овие модели како што треба поради малите стакла. Како кроп-топ џемперите, и овие очила изгледаат одлично за фотографирање, но не и за на сонце.
Асиметрични костими за капење
Ако планирате да се сончате, овие костими не се најпогодни за тоа. Истовремено, можат да ви го отежнат и пливањето бидејќи постојано ќе треба да внимавате да не ви се изместат.
Чизми со отворени прсти
Иако се необични, овие чизми изгледаат интересно, но не се најдобрите обувки за есен или зима од очигледни причини, а во лето ќе ве потат.
Минијатурни чанти
Чантата, пред сè треба да биде практична, па ако во неа не ви ги собира ни телефонот и паричникот, нема да ви биде од голема корист.
Транспарентни пластични чевли
Најголем проблем кај овие чевли е фактот што се направени од пластика која не ѝ дозволува на кожата да „дише“. Речиси веднаш откако ќе ги облечете, ќе забележите кондензација која нема да изгледа воопшто привлечно.
Овие чевли можат и да ви направат рани на стапалата.
Џемпер кој има само ракави и јака
Овие џемпери беа хит кај инфлуенсерките откако појавија во продавниците на Zara, но сигурно не треба да ви објаснуваме зошто не се практични.
Во зима нема воопшто да ве стоплат, а не изгледаат добро со ништо друго освен со маичка на рамки.
Спирова С. | Црнобело