Витамини за убава,здрава кожа

vitamini-za-ubava-i-zdrava-koza-povekjeДоколку дневната доза на витамини не ја внесувате со консумирање на доволна количина овошје и зеленчук, на располагање ви стојат бројни козметички препарати.


Витамините одамна се познати како исклучително важни борци за убава и здрава кожа. Затоа, доколку дневната доза не ја внесувате со храна, тука се козметичките препарати да ви помогнат.

Тие во својата формула содржат барем еден од четирите витамини за кожата, кои решаваат многу неправилности, но и сериозни воспалувања.

Витамин A – заштитник на надворешниот слој

vitamini-za-ubava-i-zdrava-koza

Се добива од бета каротен и делува како антиоксиданс. Освен што служи за одржување и обновување на ткивото на кожата, витаминот А ги намалува брчките и ги контролира акните.

Б комплекс – пријатели на кожата и косата

Содржи комбинација на многу витамини од кои најважаен е провитаминот Б5. Со години се користи во производите за нега на коса затоа што ја зголмува влагата во влакното и ја подобрува еластичноста. Содржи пантенол кој во горниот слој на кожата ја привлекува водата, па така помага при влажнењето и омекнувањето на косата. Пантенолот помага и при регенерацијата на кожата, а успешен е и во борбата против акни.

Витамин Ц – штити од воспаленија

Тој содржи Л-аскорбинска киселина која е најактивниот облик на витаминот Ц. Во клиничките студии е утврдено дека делува како антиоксиданс и анти воспалителен агенс. Кога се применува по изложување на УВ зраци, витаминот Ц го намлува црвенилото и до 50% побргу одошто би се намалило без негова примена. Ја стимулира синтезата на колаген така што при локална примена ги намалува брчките. Исто така е добар одбрамбен механизам за темна пигментација на кожата, што го прави идеален составен дел во призводите наменети за заздравување на рани.

Витамин E – омекнува и влажни

Често се опишува како заштитник на кожата. Составен дел е на многу креми за сончање поради заштитата која ја дава на високи температури. Ја задржува природната влага и ги неутрализира штетните слободни радикали. Со тоа ја намалува можноста за појава на брчки и и помага на кожата да изгледа помладо. При редовна употреба на козметика базирана на Витамин Е, кожата станува мека, мазна и хидратизирана.

Би можело да ве интересира:

10 парчиња облека и чевли кои треба да престанете да ги купувате Едни парчиња облека се непрактични, други делуваат смешно, а има и такви кои се ...
Браво! Нашиот модел Сара Стои чекореше на ревија за брендот Rocco Barroco во Помпеја Модното шоу наликуваше на вистински спектакл, а се одржа на специфичен локалитет...
6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
Maкедонки облечени во тон со своите ќерки (фото) Од исти шапки до исти фустанчиња, некои мајки обожаваат да се облекуваат во тон ...
Стилот на познатите Македонки во лето 2024 - удобни и лесни фустани за секоја пригода Најчест избор во гардероба на познатите дами од Македонија летово беа фустаните,...
Не фрлајте пари за непрактична летна облека: Како да изберете подобра алтернатива? Премногу шарени парчиња, кроп-топ ако не сте во тинејџерските години... за која ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg