Што нервира во шопинг?
Едвај сте дочекале да отидете во шопинг, а постојано се наоѓа нешто што ве нервира. Дали е тоа продавачката, претесната кабина за пресоблекување...
...или фактот што ништо што ќе пробате не ви се допаѓа – дома ќе се вратите нервозни.
Што е она што најмногу ги нервира жените додека се во шопинг?
1. Премногу ангажирана продавачка
Ќе ве нападне само што ќе влезете од врата, постојано оди по вас додека разгледувате по рафтовите и закачалките и го поставува прашањето „Повелете, како може да ви помогнам?“.
Додека пробувате постојано стои пред гардеробата и секако се восхитува што и да облечете и пробате. Колку и ужасно да изгледате никогаш нема да ви признае затоа што едноставно работа и е да продаде.
2. Ограничен број на парчиња кои може да ги пробате
Сè повеќе модерни продавници имаат ограничен број на парчиња облека кои можете да ги понесете со себе во гардеробата. Не дај боже нешто да ви е мало, па да сакате да пробате поголем број. Мора да излезете, да најдете поголем број (ако го има) и да се вратите и повторно да чекате во редот пред гардеробата.
3. Огледала кои лажат за изгледот
Најчесто во продавниците кои имаат скапа брендирана облека поставени се огледала кои создаваат илузија дека нешто ви стои добро, во него изгледате слаби, па затоа и сте подготвени веднаш да го купите. Непријатно изненадување следи кога ќе се вратите дома и повторно ќе го пробате истото. Мал совет е да прошетате до излогот од дуќанот и да се погледнете и во стаклото.