Машки парфеми за оваа сезона

maski-parfemi-za-ovaa-sezona-povekjeСо доаѓањето на летните месеци посакуваме да го смениме својот парфем, но тешко ни е да се одлучиме кој е најдобриот. За да не губиме време...


...мирисајќи бројни мириси, еве некои од најпопуларните машки парфеми оваа сезона.

Boss Bottled Bottles Night се вбројува во најпродаваните парфеми. Со овој парфем подготвени сте за сите ноќни предизвици. Цветниот парфем е заводлив и сензуален, а природната ароматична свежина на лаванда во комбинација со лимунов цвет, на мирисот му дава одредена горчина и машкост.

Од козметичката куќа Bvlgari доаѓа Aqva homme, чист машки мирис. Идеален е за топлите летни денови бидејќи дава свеж и елегантен мирис.

maski-parfemi-za-ovaa-sezona-1

Calvin Klein CK IN2U Him е свеж парфем со древни ноти и ориентален мирис. Парфемот во исто време е топол, па му дава комбинација на предизвик.

Hugo Boss Orange for men, е првиот мирис од Orange колекцијата. Се чини дека креирањето на овој машки парфем е паметна идеја затоа што тој многу бргу се лансира меѓу најпопуларните оваа сезона. Силниот мирис е идеален за слободните, оптимистички расположени мажи кои уживаат во радоста на животот. Нотата на свежина ја даваат јаболкото и ванилата, а егзотиката ја дава африканското Bubinga дрво.

maski-parfemi-za-ovaa-sezona-2
Мажите што сакаат авантури и патувања го обожуваат Davidoff Adventure Man, древен и зачинет мирис кому свежината му ја дава мандарината и лимонот, а топлата нота дрвото на кедарот и црниот сезам. Ова е парфем создаден за мажите што сакаат да истражуваат.

Hugo Boss Energise е урбан, свеж и модерен мирис кој им прилега на мажите што сакаат предизвици, но во исто време држат се под контрола. Мандарината, ружата,и кориандерот оставаат топол и силен впечаток.

Би можело да ве интересира:

Предлог комбинации со омиленото парче за студените денови: Широк џемпер со ролка (фото) Им стои добро на буквално сите, а изгледа одлично со скоро сè – од фармерки, до ...
Модна инспирација: Седум бои кои ќе бидат хит ова лето Невозможно е да поминете незабележани доколку сте облечени во овие бои. Невоз...
Модерна класика на ревиите на трите најголеми штипски модни брендови на Shtip Fashion Days 2024 Три модни ревии на три штипски текстилни компании ја одбележаа втората вечер на ...
Парчиња облека кои нема потреба да ги носите на одмор – само ќе ви зафаќаат место во куферот Сигурно нема да помислите да облечете тесни фармерки на 35 степени Целзиусови, п...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
Дамскиот моден стил на водителката Цеце Николова (фото) Таа е вистинско освежување на ТВ екраните, како со насмевката и убавата енергија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg