Ситуации во кои не е пожелно да облечете хеланки
Поголемиот дел од жените ги обожаваат хеланките бидејќи се трансформираат од спортска, до дневна, па дури и вечерна варијанта, ако се искомбинираат паметно.
Сепак, модните експерти предупредуваат дека постојат 5 клучни ситуации кога не смее да посегнете по хеланките:
1. За големо модно прекршување се смета самото носење на хеланки во дневни прилики во комбинација со танга гаќички (или други несоодветни). Интимните делови сепак треба да останат заштитени од погледи.
2. Не се прикладни за на работа. Нивното носење во деловните пригоди не се оправдува дури и да се покриете со голем џемпер или високи чизми.
3. Носењето на хеланки на свечени пригоди е исто така строго забрането. Венчавките или посебните вечери си побаруваат свечен „дрес-код“ и пософистицирана облека, во која не спаѓаат хеланките.
4. Никогаш не смеете да ги носите на погреб или други тажни моменти каде непристојноста не се толерира. Покажете почит и одберете нешто класично и минималистичко.
5. Избегнувајте да ги носите во културни институции. Баш како и свечените пригоди, така и уметничките галерии, музеите и која било друга културна институција не толерира лежерен стил на граница на спортски.
М. Д. | Црнобело