Модерен накит - пролет '11
Накитот е дел од стилот за оваа пролет 2011. Што да одберете, а да не погрешите? Ништо не ја збогатува пролетта како што тоа го прави цвеќето.
Накит со цветни детали се вистински погодок. Одлична инвестиција се и гломазните нараквици во златна, бронзена или сребрена боја.
Силни и впечатливи бои – розова, корална, жолта, зелена, портокалова. Сè додека е впечатливо е и модерно.
Нов тренд е накитот од чипка и свила кој нема да биде долготраен, но во моментов е екстра модерен.
Накит со необичен облик, композиција и футуристички изглед е можеби најдоминантен тренд кога е во прашање овој моден додаток.
За сите фенси девојки – одберете тиркизна и корална боја.