Модни грешки кои ги правиме сите додека не созрееме

Учиме од грешките. Понекогаш, за жал, треба да се повторат неколкупати, за да конечно ја научиме лекцијата. А модата не е исклучок од правилото. Никој од нас не е имун на правењето модни грешки.

Modni-greski-koi-gi-pravime-site-01.jpg

Но, мудроста доаѓа со текот на годините, созревањето носи поинаква перцепција.

Ова се најчестите модни гревови за кои (речиси) сите сме виновни во нашата младост:

Купуваме облека која не соодветствува со нашиот број

И тоа најчесто бројче или две помало од она што го носиме. Затоа што се убедуваме дека држиме диета и дека ќе успееме да се пикнеме во тој фустан или тие панталони многу наскоро.

Тоа најчесто не се случува, па облеката останува недопрена во плакарот. Или пак некако успеваме да го натнеме на себе, а изгледаме по малку смешно.

modni-greshki-koi-gi-pravime-site-dodeka-ne-sozreeme-02.jpg

Во плакарот имаме прекрасни парчиња облека, но „скиснуваме“ во истите фармерки и блуза

Го полниме плакарот со интересни и квалитетни парчиња облека, но секојдневно сме во еден ист пар фармерки и иста блуза или маичка.

Причината? Не сакаме да ризикуваме или пак сме мрзеливи за да размислуваме за малку поинакви комбинации. Доколку излеземе надвор од секојдневната комфорна зона, имаме чувство дека сите очи се вперени во нас.

Слепо ги следиме трендовите

Кога некое парче облека е во тренд, имаме неодолива желба да го купиме веднаш. Притоа не размислувајќи за: цената, квалитетот и фактот што парчето ќе биде во тренд само една сезона.

Речиси сите сме жртви на модните трендови и не можеме да си помогнеме, особено додека сме помлади.

modni-greshki-koi-gi-pravime-site-dodeka-ne-sozreeme-03.jpg

Ги копираме комбинациите на славните

Само затоа што одреден фустан ѝ стои одлично на Џенифер Лопез или на Бијонсе, не значи дека истиот треба да го ископираме за следната свадба или голема забава.

modni-greshki-koi-gi-pravime-site-dodeka-ne-sozreeme-04.jpg

Не се чувствуваме удобно во најголемиот дел од облеката што ја поседуваме

Ова е поради фактот што купуваме парчиња од сосема погрешни причини.

На крајот завршуваме со купишта облека и за секое парче имаме коментар: предолго е, прекусо е, прешироко ми е, претесно, ме стега, ме чеша кожата, прешарено, пренападно… па најчесто активно носиме само 10% од облеката којашто ја поседуваме.

Дали се пронајдовте во модните грешки?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 грешки со кои несвесно правиме да изгледаме постаро отколку што сме Впечатливи цветни принтови, темна сенка за очите... Што треба да избегнуваме за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg