Што облекоа посетителите на 22-риот Моден викенд Скопје? (фото)
Вратите на најголемото и најкоментираното модно случување во градот, одново беа отворени три дена за љубителите на убавиот дизајн и добрата забава. Во какви стилски изданија дојдоа посетителите оваа сезона?
Дваесет и второто издание на настанот се одржа во соработка со агенцијата ONLYAFEW, овојпат во поинаква форма - како изложбено-продажен шоурум со македонски дизајнери и странски брендови насловен „Свесна Мода“.
CRNOBELO.com ексклузивно ви прикажува дали и колку од присутните беа „свесни“ за пригодата на која пристигнуваат.
Кој силно блесна, а чиј изглед ќе остане во сенка? Погледнете како беа облечени дел од гостите на 22. Моден Викенд Скопје: