Летни модни парчиња што треба да ги има секоја тренди девојка
Поради пандемијата, ова лето дефинитивно ќе биде многу поразлично од сите претходни, но не значи дека треба да се откажеме од сè.
Дури и ако летово не го напуштите вашиот град, сигурно ќе сакате секогаш да изгледате одлично. Ова значи дека и оваа сезона, на сите жени ќе ни треба малку модна инспирација.
Ако овие денови планирате да го обновите гардероберот, погледнете кои се парчињата што ќе ја обележат оваа сезона:
Фустани со тенки прерамки
Со овие фустани ќе изгледате одлично, но и ќе се чувствувате удобно. Погодни се и за најтоплите летни денови.
Ретро костими за капење
Бикини со висок струк, костими со висок засек, горен дел како градник… годинава црпиме инспирација од минатото.
Еспадрили
Овие обувки можете да ги носите со буквално сè – фустани, здолништа, кратки панталони… Во деновите кога е премногу топло за патики, еспадрилите се совршениот избор.