Цитати на модните легенди
Понекогаш нам ни се потребни модни правила или инспирација. Модните писти и списанија денес ги менуваат мислењата постојано, но ова се некои...
...уверувања до кои се држеле најголемите ѕвезди во модната индустрија.
1. Коко Шанел. Жена која од пејачка во бистро станала вистинска легенда која во употреба ги донела женските панталони. Верувала во едноставност, бисери и црно.
- Жената е стара онолку колку што заслужува да биде.
- Жена без парфем нема иднина.
- Постојат многу војводи од Виндзор, но само една Коко Шанел.
- Елеганцијата значи одбивање.
2. Вивиен Вествуд. Британска креаторка одговорна за популарноста на панк модата. Никогаш не се откажала од својата ексцентричност.
- Мојот син ја следи модата уште од своето детство. Тој и ја се сложуваме дека поентата на модата е сексот.
3. Ив Сен Лорен е познат по парчињата машка гардероба прилагодена за жени.
- Од секогаш велам дека би сакал јас да ги измислев фармерките. Имаат скромност, ноншалантност, сексипил, удобност - се за што се надевам во моите модели.
- Зар елеганцијата не значи да заборавите што носел некој?
- Со текот на годините научив дека она што е најважно кај фустанот е токму жената која го носи.
4. Дона Каран. Инсистира она што го дизајнира да биде нешто што таа би го облекла на себе.
- Дајте му акцент на позитивното и избришете го негативното.
- Црната е боја, но и илузија.
5. Кристијан Диор.
- Мојот сон е да ги спасам жените од природата.