9 модни парчиња кои треба да ги имате во лето, за да не се мислите што да носите
Ако не сте слушнале досега, таканаречениот „капсула гардеробер“ го сочинуваат неколку парчиња облека, од кои сите можат да се комбинираат едни со други. Токму тоа ви е потребно за ова лето да не се мислите секој ден што ќе носите.
Идејата зад овој тренд е да купувате помалку облека, но поквалитетна, со која ќе можете да направите повеќе модни комбинации.
За разлика од минималистичкиот стил на облекување, можете да купувате и облека со живи бои и дезени, но важно е да можете да ја комбинирате со другите парчиња во вашиот гардеробер.
Ако првпат се сретнувате со терминот, овој водич ќе ви објасни сè што треба да знаете.
Во продолжение погледнете кои се клучните летни парчиња облека за „капсула гардеробер“:
Класична маичка
Можете да одберете бела маичка, или модел со розова, сина, жолта или сива нијанса. Најважно е маичката да биде направена од природни материјали и да ви стои добро.
Фармерки
Фармерките се неизоставен дел од речиси сечиј гардеробер, па инвестирајте во квалитетен пар. Добро би било да имате фармерки во барем две бои – потемни и посветли.
Кратки панталони
Одберете го моделот што најдобро ви стои и исто како и фармерките, добро е да имате и два пара кратки панталони, со темна и светла нијанса.
Кошула
Во зависност од вашиот стил, можете да купите еднобојна или кошула со разни бои и дезени. И овојпат важно е кошулата да биде изработена од природни материјали и да ви стои добро.