Одри Хепберн - икона на стилот
Племенита снага – во превод значи Одри. Секоја жена знае како изгледа воведната сцена во „појадокот кај Тифани“, но и папагалски повторуваме дека...
...Одри Хепберн е икона на стилот. Одри не стана Одри само заради улогата во романтичната комедија.
Колку навистина се знае за неа?
За почеток, Одри не е американка. Родена е во Икселес, Белгија, од вториот брак на нејзиниот татко, банкарот Ентони Растон и Ван Химстре.
Кога започнала Втората светска војна, татко и ја напуштал нејзината мајка. Се криеле во Холандија, а Одри го криела своето британско потекло под псевдонимот Ида Ван Химстра.
Нејзината витка става доаѓа токму од гладувањето во текот на овие години. По војната таа го пронашла татка си и го издржува се до неговата смрт. Одри им помагала и на сиромашните работејќи за УНИЦЕФ.
Се мажела два пати – од двата брака има по еден син. Првиот маж бил актер, вториот психијатар. Ниту еден брак не потрајал.
Одри има неколку улоги кои безобразно се заборавени - Roman Holiday, Funny Face, Sabrina...
Сепак, она што останува зад неа е елеганцијата, одмереноста и достоинството. Милион лекции за стилот и убавината – но, една најважна – за убави очи, видете ја добрината во другите. За убави усни, зборувајте само од љубезност. А за харизма, движете се со мислата во глава дека никогаш не сте сами.