Новата колекција невестински фустани на Вера Ванг мами воздишки – фустаните носат имиња на цветови (фото)

Американската модна дизајнерка Вера Ванг не работи само на своите стомачни мускули за време на карантинот. 

Nova-kolekcija-nevestinski-fustani-na-Vera-Vang-01.jpg

Веќе споменавме, тешко е да се поверува како оваа модна икона има 70 години, бидејќи изгледа како да е во петтата декада од животот.

Нејзината нова колекција на невестински фустани за „Пролет 2020“ изобилува со нежни, лелеави, романтични модели, а секој од нив го носи името на одреден цвет – камелија, лале, олеандер, петунија, гарденија, жалфија, ирис и многу други.

Раскошните фустани се изработени со многу тул и цветни детали кои им даваат романтичен шарм на истите. Боите се нежни и варираат од пастелно зелена, до пастелно сина, виолетова и секако – неизбежната бела боја за невестински фустан.

Погледнете ја новата колекција фустани за невести на Вера Ванг. Останува само да се воздивне:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
Модни предлози: Што да облечете на плажа, освен едноставна наметка и влечки? (фото) Ленен комплет од шорцови и кошула или долг лелеав фустан– постојат многу опции з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg