9 застарени фризури кои треба да ги заборавиме
Велат дека косата е како украс на телото, па не е ни чудно што вложуваме толку пари и труд во неа.
Но токму и поради ова, многу луѓе со години се држат до една иста фризура, бидејќи им е страв дека со експериментирање ќе го уништат изгледот на својата коса. Некои, пак, без проблем ја менуваат фризурата секој месец.
И трендовите за фризурите постојано се менуваат, па ако сакате да правите промена, би требало да знаете што е „ин“, а што е веќе застарено.
Во продолжение погледнете ги 9-те фризури кои веќе спаѓаат во втората категорија:
Совршен боб
Боб фризурата ќе ја гледаме уште долго, но многу подобро изгледа ако е малку „запуштена“.
„Мрзлива“ пунџа
Овие пунџи би требало да ги носиме само по дома. Наместо нив, сега се популарни ниските и уредни пунџи.
Трајно виткање на косата
Овој третман само ќе ја уништи вашата коса. Подобро навиткајте ја косата со витлери – ќе добиете поприроден изглед, без да ја оштетите косата.
Боб со должина до рамената
Стилистите препорачуваат да нема голема разлика во должината на предниот и задниот дел на косата.