Како да ја одберете вистинската облека според обликот на вашите нозе?

Нормално е да сакате да ги пробате сите модни трендови, но понекогаш е тешко да прифатите дека некои од нив, едноставно, нема да ви стојат добро.

kako-da-ja-odberete-vistinskata-obleka-spored-oblikot-na-vashite-noze-01.jpg

Понекогаш хеланките, кратките чизмички и кратките панталони можат да го уништат вашиот изглед, без разлика колку се модерни.

Жените ретко го земаат предвид обликот на нивните нозе, но од тоа може да зависи колку добро ќе ви стои некоја комбинација.

Во продолжение погледнете неколку модни совети, во зависност од обликот на вашите нозе:

Слаби нозе

Многу жени сонуваат за слаби нозе. Но, дури и ако сте доволно среќни да спаѓате во оваа категорија, треба да внимавате со облеката.

- Избегнувајте чевли со многу висока или дебела потпетица бидејќи ќе изгледаат огромни на слаби нозе.

- Чевлите со заоблен врв ќе ви стојат многу подобро од чевлите со шпиц.

- Здолништата и фустаните што ги покриваат колената ќе ви стојат одлично.

- Одбирајте облека што ќе направи колковите да ви изгледаат пошироко. Широките здолништа и фустани, како и оние со џебови и разни украси ќе ги „прошират“ вашите колкови.

- Таканаречените А-здолништа и фустани се исто добри за слаби нозе.

kako-da-ja-odberete-vistinskata-obleka-spored-oblikot-na-vashite-noze-02.jpg

Истакнати колена и премногу бели нозе

Ако имате истакнати колена или премногу бели нозе на кои се познаваат сите модринки и лузни, најдобро е да носите хулахопки.

Сепак, во летниот период можете да ги избегнете хулахопките и да се држите до овие модни правила:

- Здолништето треба да ги покрива колената.

- Широките здолништа и фустани ќе ви стојат многу добро.

- Избегнувајте кратки здолништа и фустани со многу дезени и детали.

- Избегнувајте темни чевли доколку вашите нозе се премногу бели.

kako-da-ja-odberete-vistinskata-obleka-spored-oblikot-na-vashite-noze-03.jpg

Ако сакате визуелно да ги издолжите нозете

Се разбира, високите потпетици се најдобар избор во оваа ситуација. Но, ако сакате нешто попрактично, следете ги овие правила:

- Избегнувајте темни и кратки чизмички бидејќи визуелно ги скратуваат нозете.

- Ако носите здолниште или фустан без хулахопки, одберете обувки со боја слична на вашата кожа. Ако, пак, носите хулахопки, најдобро е да бидат со иста боја како чевлите.

- Носете здолништа и панталони со висок струк.

- Избегнувајте долги маици.

- Ако ги носите панталоните внатре во чевлите, вашите нозе ќе изгледаат пократко. Па, одберете модел со пократки ногавици.

kako-da-ja-odberete-vistinskata-obleka-spored-oblikot-na-vashite-noze-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
Летни модни трикови со кои ќе изгледате совршено, без разлика каков тип тело имате Не избегнувајте темни бои и немојте да носите многу тесни и кратки здолништа. ...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg