Како да ја одберете вистинската облека според обликот на вашите нозе?
Ако имате пошироки листови и изразени глуждови
Листовите и глуждовите не треба да ви претставуваат проблем ако знаете што да облечете.
- Избегнувајте ги чевлите со врвки околу глуждовите или листовите. На овој начин само ќе ги нагласите недостатоците.
- Чевлите со шпиц визуелно ќе ги издолжат вашите нозе и ќе направат да изгледаат послаби.
- Молив здолништата можат да ја нагласат големината на листовите. Наместо тоа, одберете А-здолниште или фустан.
- Носете темни бои на долниот дел од телото, а посветли на горниот.
- Избегнувајте рамни чевли. Најдобро ќе ви стојат обувките со средна висина.
Ако имате пошироки нозе
Можете визуелно да ги ослабете нозете со правилните бои и парчиња облека.
- Не носете многу тесни панталони. Најдобро ќе ви стојат долгите и малку широки модели.
- Избегнувајте тесни здолништа со должина до колената. Многу подобро ќе ви стојат здолништата со должина до листовите.
- Носете панталони со монохроматски бои, наместо со принтови. Бојата на чевлите и панталоните би требало да биде иста.
За сите видови нозе
Еднобојните модели ќе им стојат одлично на сите. Тие ќе ве направат визуелно повисоки и ќе ви помогнат да ги скриете недостатоците.
Спирова С. | Црнобело