12 модели на накит кои годинава ќе бидат заменети со други трендови
Парички
Пред некоја година, паричките на накитот станаа вистински хит.
Но годинава сè почесто се забележуваат украси во форма на срце, а истите можете да ги најдете во колекциите на Chanel, Marc Jacobs, Saint Laurent…
Ѕвезди
Ѕвездите, пак, се заменети со сфери.
Неколку модни куќи веќе ни претставија накит со топчиња направени од метал, стакло или дрво.
Огромен медалјон на синџирче
Во новата сезона ќе треба да ги заборавиме огромните медалјони и да ги замениме со масивни синџири.
Нараквици со повеќе слоеви
Дизајнерите од Dolce & Gabanna, но и многу други модни куќи, решија да ги направат нараквиците што е можно попрактични.
Па, наместо обични украси, сега можете да најдете нараквици во кои можете да си ги чувате картичките, па дури и парите.
Еден прстен
Минималистичките прстени со речиси никакви украси веројатно ќе одат во заборав.
Годинава сè попопуларни стануваат масивните прстени со големи камења и разни геометриски форми.
Венчиња
Венчињата декорирани со камчиња, бисери и слично се тренд од минатото. Годинава сè попопуларни стануваат необичните украси за коса.
Спирова С. | Црнобело