12 модели на накит кои годинава ќе бидат заменети со други трендови
Накитот може да направи многу за вашиот изглед. Всушност, некогаш се потребни само пар добри обетки за целата комбинација да изгледа гламурозно.
Но, исто како со облеката, се менуваат и трендовите за накит, па она што било хит лани, годинава може да биде огромна модна утка.
Во продолжение погледнете кои видови накит најверојатно ќе бидат заменети со нови трендови:
„Чокер“
Пред некоја година, на модната сцена се врати парче накит што беше хит во 90-тите. „Чокерите“ ги носеа сите и ги имаше во сите форми и бои.
Во 2020-та, чокерите повторно се хит, но познатите модни брендови ги „надградија“. Според колекциите на Gucci, Chloe и Versace, веројатно годинава најбарани ќе бидат чокери со разни додатоци, како камчиња, медалјони и слично.
Кружни мали обетки
Малите кругови овојпат ќе бидат заменети со похрабри модели со повеќе детали. Според она што го гледаме на модните писти, најбарани ќе бидат поголеми алки со интересен дизајн.
Накит со пердуви
Накитот со пердуви станува хит секое лето. Но, сега веројатно пердувите ќе ги замениме со школки.
Според најголемите модни брендови, „тропскиот“ накит ќе му го отстапи местото на школките.
Пар обетки
Најчесто купуваме две исти обетки, но „распар“ обетките беа одлично прифатени, и тоа уште пред неколку години.
Овој тренд станува сè попопуларен, а девојките сè похрабро експериментираат со различни обетки.
Дијаманти
Многу познати дизајнери сметаат дека дијамантите повеќе не се најдобрите пријатели на девојките. Сега, улогата им припаѓа на бисерите.
Накит со букви
Ланчињата со букви и натписи повеќе не се „ин“. Сега многу поинтересни се медалјоните во форма на животни и инсекти.
Можете да најдете обетки, медалјони и секаков накит во форма на тигри, леопарди, па дури и желки, а сите изгледаат одлично.