Како да одберете чанта што нема да ви предизвикува проблеми со грбот?
Чантите се одличен моден детаљ, а факт е и дека се корисни. Но како што знаеме сите, големата и тешка чанта може да има негативно влијание врз вашето тело.
Погрешно избраната чанта може да предизвика болки во грбот, а доколу ја носите често, можат да настанат и проблеми со држењето на телото.
Затоа, погледнете како да изберете чанта што нема да ви предизвикува проблеми:
Одберете чанта што ќе биде „залепена“ за вашето тело
На овој начин, тежината од чантата ќе биде рамномерно распределена врз вашето тело.
Најдобро е да го ставите ремчето од чантата на десното рамо, а самата чанта да биде од левата страна. Притоа, не заборавајте одвреме-навреме да ги менувате страните.
Избегнувајте ги „рачните“ чанти
Најдобро е да ги избегнувате моделите што морате да ги носите во раце. Подобро одберете чанта чија тежина ќе можете да ја распоредите на грбот, рамената и посилните делови од телото.
Честото носење „рачни“ чанти може да предизвика проблеми со рамото, лактот, зглобот, па дури и вратот.
Внимавајте на тежината
Бидејќи веројатно нема да ја носите чантата празна, обрнете внимание на нејзината тежина. Пред да одберете модел, не заборавајте дека кога ќе ја наполните, чантата ќе биде потешка.
Заборавете на синџирите
Факт е дека чантите со синџири изгледаат навистина тренди, но не се најдобриот избор за вашето тело.
Обично овие чанти се тешки, а синџирот создава дополнителен притисок на кожата.