Колку се променија машките стандарди за убавина изминативе 120 години?

1960-ти: Ерата на Битлси

Овој период го обележаа Битлси, а тесните панталони, кошулите и блејзерите биле најпопуларните парчиња облека.

Традиционалните костими биле заменети со светли кошули, црни ролки и фармерки.

Поради студентските протести, се формирал и нов идеал за мажите – студент во добра форма, со младолик изглед.

kolku-se-promenija-mashkite-standardi-za-ubavina-izminative-120-godini-08.JPG

1970-ти: Рокери и хипици

Овој период мажите имале долга коса на која не ѝ правеле фризури и ја бричеле брадата. Можеби најголемата модна икона бил Џим Морисон од The Doors.

Костимите ги носеле само оние кои работат во канцеларија, а останатите одбирале панталони од сомот, шарени кошули и маици, но и чизми со мала потпетица.

kolku-se-promenija-mashkite-standardi-za-ubavina-izminative-120-godini-09.JPG

1980-ти: Мустаќи и здрав изглед

Со текот на времето, рокерите биле заменети со атлетичарите.

Можеби Арнолд Шварценегер е причината што мажите почнале да се интересираат за бодибилдинг и што се откажале од пушење и алкохол.

Овој период долгата коса заминала во заборав, па тренд биле кратките фризури и избриченото лице.

Совршениот маж од 80-тите бил интелектуалец со самодоверба, кој се фокусира на својата кариера.

kolku-se-promenija-mashkite-standardi-za-ubavina-izminative-120-godini-10.JPG

1990-ти: Гранџ и запуштеност

Зборот „гранџ“ може да се преведе и како валкано, па покрај музиката, на некој начин ја дефинирал и модата од тој период.

Неуредната облека, бушавата коса и брадата од 2-3 дена биле најпосакувани карактеристики кај мажите. Овој период вистински хит биле продавниците за половна облека, а најмногу се носеле џемпери, искинати панталони или само сако, без кошула под него.

Секс симболи од 90-тите се „лошите“ момчиња како Курт Кобејн и Џони Деп.

kolku-se-promenija-mashkite-standardi-za-ubavina-izminative-120-godini-11.JPG

2000-ти: Метеросексуалност

Овој период мажите почнале да се грижат за својот изглед можеби и повеќе од жените.

Одењето во салон за убавина, на фризер и во теретана било очекувано од сите мажи.

Најчесто носеле тесна облека, но веројатно омиленото парче биле маичките кои ги истакнуваат мускулите.

kolku-se-promenija-mashkite-standardi-za-ubavina-izminative-120-godini-12.JPG

2010-ти: Хипстери и интелигенција

Тетоважи, малку брада, безгрижно облекување и очила – ова се веројатно главните одлики на „хипстерите“. Мустаќите и брадата повторно се тренд, а најпосакувани мажи се интелектуалците кои се во тек со настаните.

Мажите кои посетуваат изложби, имаат многу пријатели и се успешни изгледа привлекуваат најмногу внимание.

kolku-se-promenija-mashkite-standardi-za-ubavina-izminative-120-godini-13.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Пет модели на панталони кои треба да ги имате оваа пролет Наместо фустан решете се за некој од овие пет модели на панталони доколку сакате...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg