Колку се променија машките стандарди за убавина изминативе 120 години?
Обично мислиме дека модните трендови ги засегаат само жените, но и мажите отсекогаш се грижеле за нивниот изглед.
Во текот на историјата се менувале и машките стандарди за убавина, па некогаш се ценел мускулестиот изглед, некогаш најпривлечни биле мажите со доза бунтовност, а денес изгледа најпривлечни се мажите кои „зрачат“ интелигенција.
Погледнете како се менуваа машките стандарди за убавина во последниот век:
1900-ти: Мустаќи и силно тело
На почетокот од 20-тиот век, од мажите се очекувало да изгледаат силно и моќно.
За најпривлечни се сметале високите мажи, со широки рамена и мускулеста градба.
Главниот машки „аксесоар“ биле мустаќите, на кои се посветувало повеќе внимание и од косата. Мажите носеле елеци, машни и високи јаки.
1910-ти: Бледило и безгрижност
После „здравиот“ атлетски изглед, тронот го презел младоликиот изглед.
Овој период, за најубави мажи се сметале оние послабите, со бледо лице и безгрижен изглед.
Најчесто се носеле пошироки костими и сакоа, а голем хит биле и ракавиците, бастунот и шапките.
1920-та: „Џез“ изглед
20-тите се ерата на џезот и ѕвездите од немите филмови биле најпосакуваните мажи.
Мажите не само што требало да изгледаат добро, туку требало да бидат и образовани. Важно било да знаат да танцуваат, да имаат добри манири и да можат да се снајдат во секој разговор.
Мажите со овално лице, „залижана“ коса и избричено лице изгледале најдобро.
Овој период, чорапите со светли бои и дезени станале навистина популарен тренд.
1930-ти: Широки рамена и авантуристички изглед
Најпосакуваните мажи од 30-тите биле авантуристите.
Малку запоставениот изглед и мажественоста биле најпосакуваните атрибути.
Ако мажот немал мускулесто тело и широки рамена, можел да го дополни недостатокот со облека – тесни ракави и сако со истакнати рамена.
Целиот изглед најчесто се комплетирал со шапка и популарните чевли „оксфордки“.
1940-ти: Силни мажи и воена униформа
Втората светска војна изгледа ги промени и стандардите за машката убавина.
Костимите биле заменети со воена униформа, која наскоро станала секојдневна облека.
Најпосакуваните мажи од 40-тите биле храбри и силни, спортувале и имале кратка коса и избричено лице.
1950-ти: Бунтовници
Херојот на 50-тите е мажот бунтовник. Овој период најпопуларни биле кожените јакни, тесните панталони и светлите кошули.
Една од најпосакуваните фризури била онаа како на Елвис Присли.
За привлечни се сметале мажите со истакната вилица, а неретко, мажите носеле тесни маички што ќе ги истакнат нивните мускули.