Модни парчиња кои во пролет 2020-та треба да бидат заменети со нови трендови
Обични отвори околу врат
Во 2020-та дизајнерите се обидуваат целосно да ги избегнат традиционалните отвори на блузите, како и правилните исечоци, па во дизајните може да се најдат отвори на неочекувани места. Најпопуларни ќе бидат оние со отвор под или над градите, околу половината и на рамениците.
Панталони со шлиц
Минатата година, елегантните панталони со шлиц беа хит, а сега комотните кожени панталони може да бидат замена за тесните, класични панталони. Секако, тоа не значи дека целосно ќе излезат од мода класичните панталони и дека кожените панталони се идеална опција за секоја пригода.
Фустани и модни парчиња со набори
Наместо да носите фустани собрани со набори, во 2020-та може да се фокусирате на спуштено деколте со долна облека како главен детаљ. Модните експерти советуваат оваа пролет да не се срамите и храбро да ги носите модните трендови.
Транспарентни здолништа и фустани
Иако многумина уште ги обожаваат овие модели, сепак во 2020-та се обрнува повеќе внимание на здолништата со преклоп и висок шлиц.
Фармерки со големи џебови насекаде
Карго панталоните земаа голем замав на модната сцена, но кога станува збор за класични фармерки, наместо моделите со џебови насекаде, во пролет подобро е да ја истакнете фигурата.
Фармерките кои ја следат линијата на вашето тело (не претесни, не прешироки) се одличен избор. Посебен акцент се става и на оние со раб во средината.
Шпиц сандали
Како шпиц салонките, така и шпиц сандалите се носеа долго време, но сега во мода се вратија сандалите со рамен преден дел.
М. М. | Црнобело