Модни парчиња кои во пролет 2020-та треба да бидат заменети со нови трендови
Модните парчиња кои досега беа форсирани од трендсетерките, време е да се заменат со свежи модни трендови за 2020-та.
Секако, никој не може да ве натера да престанете да ги носите омилените парчиња, но на некои може и да им најдете посоодветна замена.
Иако голем дел остануваат во тренд и во 2020-та, сепак за некои парчиња, модните брендови веќе пронајдоа алтернатива.
Кратки тексас здолништа
Тексасот и понатаму останува во тренд, но мини здолништата може да се заменат со миди модели.
Бела маица под фустан
Во последниот период тренд беше да се носи бела кошула или маичка под фустаните на прерамки, а во 2020-та време е за похрабри варијанти – комбинирајте бои и принтови.
Леопардски принт
Сатенските здолништа и фустани со леопардски принт изгледа ќе ги оставиме малку настрана, барем ако сакате да бидете во чекор со модните трендови. Овие парчиња во 2020-та ќе ги замениме со други животински принтови како жирафа или зебра, како и со тропски мотиви.
Беж мантил
Ова е веројатно парчето кое секоја жена мора да го има во својот плакар, но тоа полека се менува. Иако уште важи за култно парче кое секогаш може да ве спаси, сепак во 2020-та може да додадете малку боја и да одберете мантил во некоја похрабра боја.
Плетен фустан
Во 2019-та, плетените фустани беа голем хит, но оваа пролет очекувајте во тренд да бидат романтичните, разиграни фустани.