Ако имате големи гради – кружен изрез: Каков тип на облека ви одговара според телото?

Како што фризурата ја истакнува формата на вашето лице, така деколтето и отворот на облеката може да влијае врз изгледот на целото ваше тело.

kako-da-ja-odberete-sovrshenata-jaka-spored-tipot-na-vasheto-telo-01.jpg

Веројатно и самите сте забележале дека некои отвори на облеката ви стојат беспрекорно, а со некои изгледате навистина лошо.

Изгледа дека типот на вашето тело „одредува“ кои видови деколтиња и изрези на облеката се најдобри за вас.

Како да ја изберете совршената облека според вашето тело?

Големи гради: Кружен изрез

Секоја жена со големи гради знае дека маиците со V отвор и маиците со длабоко деколте не им се најдобри пријатели.

Но, ако имате големи гради не значи дека мора да се ограничите само на висока јака.

Маиците и блузите со кружен отвор се одлични за девојките со големи гради, бидејќи вашето деколте ќе изгледа привлечно и пристојно, а вие ќе се чувствувате удобно.

kako-da-ja-odberete-sovrshenata-jaka-spored-tipot-na-vasheto-telo-02.jpg

Кратко торзо: V отвор

Ако имате кратко торзо, треба да ја искористите облеката за визуелно да го издолжите. Најдобриот начин да го направите тоа е со маици и кошули со елегантен V отвор.

kako-da-ja-odberete-sovrshenata-jaka-spored-tipot-na-vasheto-telo-03.jpg

Долго торзо: Рамен изрез

Ако имате долго торзо, тогаш треба визуелно да го намалите. „Рамните“ отвори на блузите се најдобриот избор за овие жени.

Сличен ефект ќе постигнете и со маици и блузи со голи рамена, кои се вистински хит.

kako-da-ja-odberete-sovrshenata-jaka-spored-tipot-na-vasheto-telo-04.jpg

Широки рамена: V отвор или на врзување околу врат

Овие отвори визуелно ќе ги намалат вашите рамена. Во топлата сезона, добро ќе ви стојат и маички без ракави со отвор околу врат и голи рамена.

Најважно е да не одбирате маици, блузи и кошули со рамен крој по рамената со што ќе ви ги нагласат повеќе и ќе направат да изгледаат уште пошироки.

kako-da-ja-odberete-sovrshenata-jaka-spored-tipot-na-vasheto-telo-05.jpg

Мали гради: Високи блузи со отвор околу врат или јака со панделка

Ако сакате вашите гради да изгледаат поголемо, одберете блуза или кошула која има панделка на јаката.

Исто добро ќе ви стојат и маичките со висок кружен отвор, бидејќи ќе ги нагласат природните карактеристики, а притоа ќе создадат илузија на поголеми гради.

kako-da-ja-odberete-sovrshenata-jaka-spored-tipot-na-vasheto-telo-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Славни жени кои се облекуваат младешки (и се доказ дека годините не треба да го дефинираат стилот) Можете ли да ја замислите Шер во класични костимчиња, или Салма Хајек закопчана ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg