Модни комбинации во кои нема да изгледате здодевно на работа (фото)
Ако ви е смачено секој ден да изгледате исто како облечени по една модна формула, време е за стилска инспирација.
Блогерката Лора Стоун секојдневно инспирира со нејзините аутфити, а ние ги одвоивме најдобрите кои може да ви послужат како идеја за облекување за на работа. Сепак, вие водете се по оние кои одговараат на кодексот на облекување на вашето работно место.
Неколку модни правила кои ќе ви послужат:
- Не се плашете да носите бои на вас – не е се во црна, бела и сива. Комбинирајте пастелни блузи со карирани здолништа или панталони.
- Некогаш облечете се од глава до пети во иста боја, со различни нијанси на парчињата.
- Истите панталони комбинирајте ги со повеќе парчиња во различни бои, менувајте го изгледот со колан и накит.
- Чантата и чевлите не мора секогаш да бидат иста боја со облеката.
Модните комбинации во продолжение ќе ви покажат дека не мора секогаш да изгледате исто и здодевно на работа:
М. М. | Црнобело