Дамите гламурозни, но пристојни, Бред Пит „освојува“ со изгледот – Црвениот тепих на Оскари 2020 (фото)
Покрај тоа што е најголем филмски настан во годината, Оскарите се идеален повод за славните да ги покажат своите најдобри, гламурозни комбинации.
Како и на секој настан сезонава, Скарлет Јохансон повторно се најде на листата на најдобро облечени, заедно со Шарлиз Терон, Рене Зелвегер, Марго Роби, Пенелопе Круз и уште многу други дами кои се појавија во елегантни, но едноставни тоалети.
На црвениот тепих на Оскарите оваа година немаше премногу кич, барем не од големите ѕвезди.
Мажите како и вообичаено, се држеа до елегантните смокинзи, а помеѓу најдобро облечените мажи беа Бред Пит, Рами Малек, Леонардо ди Каприо, Марк Руфало, Кијану Ривс и многу други актери кои се држеа до сигурни комбинации.
Во последниов период, Бред Пит повторно си ја враќа славата и станува миленик кај женската популација, а на овој настан се појави со добро познатата долга фризура и елегантен смокинг. Били Портер пак, како и на останатите настани сезонава, се појави во дводелна комбинација со здолниште, креација на Giles Deacon.
Погледнете како изгледаа ѕвездите на црвениот тепих на Оскари 2020:
М. М. | Црнобело