Стилот на кралицата Елизабета пред да почне да носи еднобојни комбинации (фото)
Елизабета Александра Мери стана кралица на само 25 години, во далечната 1952-ра.
Нормално, во текот на овие 7 децении нејзиниот стил претрпел многу промени, постојано прилагодувајќи се на кралските модни правила.
Елизабета има 10-тина луѓе кои се грижат за нејзиниот изглед, а модните правила на кралското семејство можат да бидат навистина строги. На пример, ако кралицата присуствува на важен настан, мора да носи долги сатенски ракавици, круна и, ако е студено, крзнена наметка.
Интересно е што Елизабета не ни влегува во просторијата каде што стои нејзината облека. Секое утро, асистентот ѝ носи цртежи, од кои таа одбира што ќе носи.
Денес кралицата е препознатлива по еднобојните комплети, што ги носи на речиси секое нејзино појавување во јавноста и со тоа создаде универзален стил.
Но, препознатливиот стил на Елизабета не постоел од секогаш и до пред некоја година, јавноста имаше можност да ја погледне во разни комбинации.
Во продолжение погледнете како се менуваше стилот на кралицата низ годините, пред еднобојните комбинации:
Спирова С. | Црнобело