Актуелно најбараниот накит
Накитот по кој лудуваат сите жени од Њујорк до Дубаи! „Одлично поминува сè што светка“ изјавил дизајнерот Николас Кинг во својот дом во Лондон.
Зборува за колекцијата на сè попопуларни рачно изработени нараквици кои имаат посебен слој направен од дијаманти и смола.
Важен дел за успехот на неговиот накит е фактот што истовремено е гламурозен како Елизабет Тејлор и шашав како Лејди Гага.
„Почнав со бизнисот кога парчиња ткаенина од тартан ги ставав во смола“ раскажува Кинг кој се занимава со мода веќе 17 години.
Работел за Галијано и Дона Каран, а сега започнал и своја линија. Со тек на време почнува се повеќе да експериментира со метали и кристали.
Сопствениот бизнис го има веќе 2 ипол години, а набрзо стана миленик на уредниците на најпознатите модни списанија. Неговиот накит веќе се наоѓа во модните центри како Хародс, 10 Корсо Космо и Liberty of London.