Машки трендови од Милано
Деновиве Милано повторно стана центар на машката мода. Четири дена на Миланската модна недела водечките дизајнерски куќи ги претставија трендовите...
...за есен/зима 2011/2012. Се чини дека мажите треба да бидат елегантни, разиграни и спремни за заведување.
1. Машни. Големо враќање на машните кои владееја со модната писта. Одлични за мажите кои сакаат елеганција и на модата гледаат како на интересна игра низ која ја наоѓаат сопствената индивидуалност.
2. Нагласена јака. Капути, одела, јакни со нагласена јака. Дизајнерите одбраа крзнени додатоци кои може да се видат и на капуљачите.
3. Риги и каро шари. Риги и коцки се шари кои може да ги носите на одело, јакна или панталони.
4. Разигран Данди. Одело во ретро разигран стил за сите кои сакаат да бидат забележани. Вивиен Вествуд и Кавали со најхрабри комбинации.
5. Бизнис елеганција. Сиви и црни бои и долги капути за сите бизнис момци.
6. Тесни и широки панталони. Разни кроеви од една до сосема друга крајност. Тесни модел и упадливи сјајни панталони.