Водич за жени: Како да одберете што да носите за Нова година, според местото и пригодата?
Новогодишните забави знаат да тргнат наопаку, доколку на прославата од фирма се појавите со мини фустанче или на свечена вечера отидете по фармерки. Па, како да не ја утнете работата на празничните прослави?
За сè си има место и време, па така и за светкавите фустанчиња, за мини моделите, за долгите тоалети, па и комбинезоните.
Што да носите за Нова година, според тоа каде одите?
За прослава преку ден - дозволени се светки, но не и прекртки, припиени фустанчиња.
За вечерна прослава во кафуле - никако не облекувајте долг фустан, сепак сте во кафуле.
За во кафана / ресторан - истото правило како претходно, заборавете на фустанот, но не и на светките. Комплетно црната комбинација исто е полн погодок.
За коктел забава - тука се дозволени кратки и миди фустани, но без претерување.
За отмена вечера или елегантен настан - тука се дозволени долги тоалети, комбинезони или свечени панталони + кошула.
За вечерна прослава по дома / во викендичка - слободно може да се опуштите во омилените тренерки, без светки и фризури.
М. Д. | Црнобело