5 модели на фустани што ќе бидат хит во 2020-та
Фустаните се омиленото парче облека на голем број жени, пред сè поради удобноста.
Покрај тоа, фустаните се и навистина практични – кога не знаете што да облечете, одберете фустан и вашата комбинација е речиси готова.
Па доколку планирате да се подновите со фустан, овие модели ќе бидат вистински хит следната година:
Фустан џемпер
Овие фустани се одлични за во есен и зима и имаат сè што можете да посакате – удобност, топлина и одличен изглед.
Денес постојат безброј модели, па лесно ќе го најдете оној што ќе ви стои најдобро. Можете да одбирате помеѓу долги, кратки, широки, тесни, со колан… А, што и да одберете, нема да погрешите.
Кадифен фустан
Доколку не ги сакате светкавите фустани за вечерните излегувања, тогаш во есен и зима најдобар избор се кадифените фустани.
Можеби овие фустани не се за дневно излегување, но се совршени за забава.
Сатенски фустан
Следната година доста популарни ќе бидат и долгите сатенски фустани со долги ракави.
Кај овие фустани треба внимателно да го одберете моделот што најмногу му одговара на вашето тело. Но, денес изборот е голем и лесно ќе го пронајдете совршениот фустан за вас.
Овие фустани се одлични за вечерни излегувања, а најдобро е да ги комбинирате со впечатлив златен накит.
Темен фустан со цветен дезен
Ова е можеби најпопуларниот фустан за секоја есенска сезона, а истото ќе важи и наредната година.
Всушност, ова е модел што можете да го носите во текот на целата година. Формулата за совршен изглед е едноставна – црна подлога, цветен дезен и крој што ви стои најдобро.
Фустан со широки ракави
На многу модни ревии сезонава, акцентот беше ставен на ракавите, без разлика дали се на кошула, блуза, фустан или џемпер.
Па, слободно инвестирајте во фустан со впечатливи широки ракави. И овие модели можат да се носат во текот на целата година, и за дневни, и за вечерни излегувања.
Спирова С. | Црнобело