Средени во секое време!

sredeni-vo-sekoe-vreme-povekjeНе е мал бројот на оние кои сакаат да се дотераат и убаво да се однесуваат само тогаш кога ќе излезат од дома и кога очекуваат дека ќе бидат видени.

 

Тоа е чисто фолирање - пристојна, чиста и уредна личност е секогаш таква, а не само ако некој ја гледа.

Примери има многу. Оние кои ги мијат забите само кога треба да излезат од дома (а и тоа е подобро од никогаш).

sredeni-vo-sekoe-vreme

Жени кои се депилираат не поради хигиена, туку само преку лето и за време на празници бидејќи тогаш ќе носат сукња па влакната на нозете ќе им се видат.

Повозрасните жени кои ретко излегуваат од дома, освен на лекар, па се тушираат само тогаш. Ги има некои кои се тушираат само во недела навечер, затоа што во понеделник се на работа, без разлика колку е топло за време на викендот и колку се потеле. Или пак, дома одат со валкана облека и валкани нокти, не се стиснуваат да испуштаат гасови, го чепкаат носот, ги мрзи да се измијат... Можни примери, навистина има многу.

Тоа значи дека нивното прикажување во јавност е чисто фолирање и порано или подоцна нешто мора да им излета. Такви „излетувања“ ќе има доволно за да оние кои ќе ги видат сфатат со кого имаат работа. Секако оние кои што ќе ја сфатат вистината, нема ништо да речат бидејќи имаат и попаметна работа.

Хигиената се одржува заради себе и своето здравје, а не поради тоа што ќе речат луѓето. Во чиста, уредна и убава облека повторно се облекуваме поради себе, бидејќи уживаме во тоа.

Воопшто не се работи за тоа што ќе речат луѓето, туку за тоа дали ние навистина сме чисти и уредни, дали се однесуваме пристојно или фолираме.

Би можело да ве интересира:

Модни утки и погодоци - Што носеа ѕвездите на Governors Awards 2024? (фото) Пенелопе Круз, која важи за жена со префинет стил, овој пат потфрли со бел фуста...
7 модни трикови на Италијанките со кои не можете да згрешите Италијанките важат за едни од најмодерните жени во светот, секогаш средени, доте...
Џејн Фонда (86) им одржа модна лекција на помладите колешки: Највпечатливите креации на отворањето н... На црвениот тепих во Кан продефилираа филмски ѕвезди, модели, благородници, но н...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
Модни додатоци со кои ќе оддавате впечаток на самоуверена и успешна жена Свилена шамија околу вратот, кожени ракавици... кои 6 аксесоари (според стилисти...
Летни комбинации со фармерки: Како да ги носите дури и кога е многу жешко? (фото) Само затоа што надвор е над 30 степени, не мора да се откажете од омилените фарм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg