Дали оставате впечаток на неуредна личност?
Избледена облека
За да го спречите избледувањето на панталоните, секогаш перете ги превртени. Исто така, најдобро е да ги перете со студена вода бидејќи топлата побрзо ја разградува нивната боја.
А, доколку носете нешто свилено, проверете да не има некоја избледена дамка.
Премногу чанти и торби
Немојте да се пакувате за на работа како за 5-дневен одмор. Најдете чанта во којашто ќе ви собере сè.
Доколку секој ден носете лаптоп на работа, најдете чанта што ќе го собере и него, и другите потребни предмети.
Доколку со себе носите кеса покрај чантата, ќе го расипете целиот изглед.
Постојано средување на облеката
Ако знаете дека ќе го поминете целиот ден кревајќи го фустанот или дека постојано ќе ја ставате блузата во панталоните, подобро најдете друга комбинација.
Истовремено, доколку можете да го решите проблемот со облеката на шивач, направете го тоа. Во спротивно, подобро ослободете се од парчињата што треба постојано да ги поправате.
Влакна на облеката
Секогаш отстранувајте ги влакната од облеката пред да излезете, особено ако чувате милениче.
Погрешен број чевли
Ако ви се допаднале некои чевли, но го нема вашиот број, немојте да ги купувате. Покрај тоа што нема да изгледате добро, ако чевлите ви се преголеми или премали, ќе се истрошат многу побрзо.
Спирова С. | Црнобело