Дали оставате впечаток на неуредна личност?
Нормално е одвреме-навреме да си дозволите да изгледате неуредно. Но, ако имате важен настан и сакате да оставите добар впечаток, сигурно сте загрижени за вашиот изглед.
Можеби сте забележале дека понекогаш, без разлика колку се трудите, сепак изгледате неуредно.
Во овие ситуации, обрнете внимание на следниве грешки, пред да излезете од домот:
Неправилно пеглање
Кога пеглате облека, особено внимание обрнете на јаките и копчињата на кошулите. Ова се деловите од кошулата што го врамуваат вашето лице, а најчесто се направени од памук.
Проблемот е што памукот се гужва многу лесно.
За најдобри резултати, пеглајте ја памучната облека додека е сè уште влажна. Почнете да пеглате од јаката, а потоа поминете ги и внатрешната и надворешната страна.
Ракавите испеглајте ги така што ќе ги откопчате копчињата на нив, а потоа следете го нивниот раб.
Пожолтена бела облека
Внимателно одделувајте ја облеката по боја пред да ја перете. Белата облека треба да се пере посебно, бидејќи ако ставите каква било друга боја, можете да завршите со пожолтена или посивена облека.
Ако и крпите и чаршафите ви се бели, перете ги одделно од облеката.
Стегачи за коса
Секој со долга коса веројатно носи стегач на својот зглоб. Но, ова може да го расипе целиот ваш изглед.
Затоа, ставете резерва стегач во чантата или џебот, а не на вашиот зглоб.
Излупен лак за нокти
Подобро е воопшто да не сте лакирани, отколку да имате излупен лак.
Штом лакот ќе почне да се лупи, или пополнете го или целосно отстранете го.
Доколку немате многу време за маникир, најдобро е да одберете проѕирен или лак со неутрална боја.
Предолги панталони
Ова може да биде вистински проблем, особено ако немате време да ги носите панталоните на шивач.
Сепак, доколку имате предолги панталони, одредете со кои чевли ќе ги носите и однесете ги да ви ги скратат според чевлите.