Ана Винтур ги одбра 8-те најголеми модни трендови за 2020-та година
Бермуди
Наместо шорц, Ана предлага следната сезона да одберете бермуди. Некои модели од овие панталони лесно можете да ги вклопите и во есенските модни комбинации.
Силни и светли бои
Покрај дезените, популарни ќе бидат и еднобојните парчиња со силни бои. И во овој случај, нема потреба да ја чекате пролетта за овој тренд – слободно разбијте ја есенската монотонија со некоја светла боја.
Слама
Торбите, шеширите и сандалите од слама се вистински хит веќе неколку сезони. А, според колекциите на модните брендови, следната сезона ќе се носи и облека од слама.
Корпи
И торбите направени од бамбус или трска кои изгледаат како корпи се популарни неколку сезони, а истото ќе важи и следната.
Спирова С. | Црнобело