Непарен број на копчиња носи среќа, сината боја привлекува успех - Дали верувате во модни суеверија?

Се смета дека носење на облека со точки привлекува богатство, затоа што малите тркалезни форми, всушност, претставуваат мноштво монети што наскоро ќе се најдат на вашата сметка.

Nosenje obleka naopaku ni nosi sreka a sinata obleka privlekuva uspeh 01

Непарен број на копчиња треба да ви донесе посебна среќа.

Ако партнерот ви подари пар чевли, вашата заедничка иднина не е безбедна.

Ова се само некои од модните суеверија во кои луѓето веруваат, но дали и вие верувате во истите?

Носење облека наопаку

Ако случајно носите парче облека наопаку, тој ден треба да ви биде среќен. Кога некој ќе ви посочи дека сте облекле кошула на крив начин, само насмевнете му се, но не ја поправајте грешката, ако сакате да имате среќа цел ден.

Истото важи и за чорапите. Случајно носење чорапи наопаку се смета за среќа, но треба да ги носите цел ден за среќата да се оствари.

Копчиња

Непарниот број на копчињата на облеката треба да ви донесе посебна среќа. Давање и примање на копче симболизира долгогодишно пријателство, а ако пронајдете копче треба да го земете и да го чувате во џеб, за да имате среќа цел ден.

Nosenje obleka naopaku ni nosi sreka a sinata obleka privlekuva uspeh 02

Сина облека

Некои сметаат дека сината боја е среќна боја што привлекува успех. Небото е сино, а сината боја го симболизира погледот нагоре, односно погледот кон безброј можности.

И невестите треба да носат нешто сино, за среќа, на денот на нивната венчавка.

Чевли

Кога врвките на чевлите постојано се одврзуваат, иако претходно сте ги врзале неколку пати, тоа значи дека треба да добиете добри вести.

Ставањето чевли на маса или на кревет значи лоша среќа и може да очекувате дека наскоро ќе имате борба со некој.

Nosenje obleka naopaku ni nosi sreka a sinata obleka privlekuva uspeh 03

Облека со точки

Ова е едно од најстарите суеверија поврзани со гардеробата, а познато е во различни делови на светот. Поточно, се смета дека носењето облека со точки привлекува богатство.

Ваквите мали кружни форми, всушност, претставуваат мноштво монети што наскоро ќе се најдат на вашата сметка.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg