10 „досадни“ модни парчиња што секоја жена би требало да ги има
Кога почнува нова сезона, сигурно размислувате да го обновите гардероберот. Но најверојатно не ни помислувате да купите бела маица или обични црни панталони. Сепак, вашите модни комбинации не би биле возможни без некои основни парчиња облека.
Погледнете кои се „досадните“ модни парчиња што би требало да ги имате.
Бела маичка
Белите мачки се неизоставен дел од гардероберот, особено во текот на летото. Па следниот пат кога ќе одите во шопинг, инвестирајте во добра бела маичка.
Комбинациите со неа се безбројни, па купувањето ќе се исплати.
Тесни црни панталони
Носењето чизми е речиси невозможно без тесни панталони. Иако можеби ќе сакате да купите некој друг повпечатлив модел, не заборавајте ги обичните тесни панталони.
Блејзер
Изминативе неколку години моделите на блејзери станаа навистина похрабри. Но и покрај многуте опции, добро е да имате и еден „обичен“ блејзер со класичен крој.
Исто така доколку можете, платете повеќе за поквалитетен блејзер што ќе ви трае долго.
Обична маичка на прерамки
Кога последен пат сте се сетиле да си купите обична маичка на прерамки? Сигурно често ви притребуваат, па оваа сезона купете уште некоја. Можете да ги најдете по навистина ниска цена, а ќе ги комбинирате со речиси сè.
Црни хулахопки
Во зима е невозможно да го облечете омиленото здолниште без пар хулахопки. Бидејќи не можете да ја поминете целата зима без да ги искинете, добро е да инвестирате во неколку пара.