Совршен мејкап за усни

sovrsen-mejkap-za-usni-povekjeЕлегантно повлечената линија на работ на усните може драматично да го трансформира изгледот на лицето. Затоа, повлечете ја и оставете трага во...

 

...својата околина. Постојаната и прецизна шминка на усните е полесно да се постигне со моливче за усни отколку со кармин.

За тоа ви се потребни моливчиња во 2-3 слични нијанси, хидратантна крема и проѕирен сјај. По нанесувањето на хидратантната крема, усните треба да се стават во “рамка” внимавајќи на симетријата.

sovrsen-mejkap-za-usni

Моливчето секогаш нанесувајте го од средниот дел на усната спрема работ. Со тоа ќе ги исправите евентуалните неправилности и асиметричноста, ќе го нагласите обликот и ќе го спречите забрзаното бришење и размачкување.

Доколку сакате да ги направите усните поголеми, немојте во тоа да претерувата затоа што ќе постигнете контра ефект. Сенчањето на усните со моливче со потемна боја од онаа околу усните успешно ќе го нагласите волуменот. За крај намачкајте ги со проѕирен сјај.

Еднакво важно е дека изразено моливче околу усните веќе одамна не е во мода. На љубителките на кармини, животот ќе им го олесни моливчето за усни во иста нијанса со карминот со кое ќе игрираат постојана основа и “рамка” за нанесување на кармин.

Пред да употребите било моливче за усни или за очи, немојте да заборавите на неколку претходни чекори кои ќе ви ја олеснат “калиграфската работа”.

  • На лицето нанесете хидратантна, а на очите специјализирана крема за нега на пределот околу очите. Така ќе поставите квалитетна подлога која нема да биде премногу мрсна за исцртување.
  • За моливчето да ви “лизга” по лицето, пред апликацијата загрејте го на дланката.
  • Нанесувањето ќе биде многу попрецизно ако моливчето има наострен врв, но внимавајте да не претерате и да се повредите.
  • Доколку се случи да згрешите, грешката најлесно ќе ја отстраните со стапчиња за уши и лосин за вадење на шминка.
  • Ако сакате да ја фиксирате шминката на усните и да и’ го продолжите векот на траење, по моливчето нанесете пудра во прав.

Би можело да ве интересира:

Моден двобој: Како изгледаат дизајнерските фустани кога ги носат манекенки vs. светски ѕвезди (фото) Од Џенифер Лопез до Ева Лонгорија и Селин Дион - погледнете го модниот двобој на...
Почина Роберто Кавали, италијанскиот дизајнер кој го внесе животинскиот принт во светската мода Роберто Кавали, италијанскиот дизајнер, познат како „татко на животинскиот принт...
Модни комбинации во бела боја кои ќе сакате да ги копирате оваа пролет (фото) Оваа пролет облечете се во бело „од глава до пети“. Со доаѓањето на првите ...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
Во кои бои да се облечете, според впечатокот што сакате да го оставите? Црвената боја прави да изгледате самоуверено, додека во црна облека ќе делувате ...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg