Ретро модна инспирација: Филмски хероини чиј стил ќе ве инспирира ова лето
Од интересните шапки и очила на Одри Хепберн во филмот „Paris When It Sizzles“, до фасцинантните цветни фустани на Лив Тајлер во „Stealing Beauty“ - стилот на овие хероини е инспирација денес исто како и пред многу години.
Ако немате премногу идеи за интересни летни комбинации, модниот стил на овие филмски хероини сигурно може да ви помогне.
Модни комбинации од ретро филмови кои би ги посакале ова лето:
Џејн Биркин во La Piscine
Дејствието на оваа драма од 1969 година се одвива едно сончево лето на Азурниот брег. Додека фокусот на приказната е врската меѓу Роми Шнајдер и Ален Делон, невозможно е да се игнорира прекрасната гардероба на Џејн Биркин.
Овој стил многу лесно можете да го копирате, со оглед на тоа што трендот на 1970-тите се враќа во мода.
Одри Хепберн во Paris When It Sizzles
Соработката на познатиот моден дизајнер Ибер де Живанши и волшебната Одри Хепберн резултираше со најубавите костими во историјата на светската кинематографија.
Неверојатни парчиња во боја на сладолед, почнувајќи од елегантните костуми во боја на јагода, преку совршено скроени костуми во боја на ф’стак, до софистицираниот свилен фустан во боја на кајсија.
Во комбинација со прекрасни марами и шапки, јасно е зошто овој стил сè уште плени со еднаков интензитет.
Лив Тајлер во Stealing Beauty
Оваа возбудлива приказна од 1996 година го следи животот на една млада девојка (Лив Тајлер) која оди во Тоскана за да го бара својот биолошки татко. Таа го поминува летото во сончање и вечерни забави.
И, секогаш е облечена совршено!
Нејзината љубов кон весели цветни дезени совршено се вклопува во трендовите за ова лето.
Џин Сиберг во Bonjour Tristesse
Неодоливата фризура на шармантната актерка Џин Сиберг стана синоним за шик уште во филмот на Годар, À Bout de Souffle.
Сепак, нејзиниот стил можеби е уште поимпресивен во филмот Bonjour Tristesse кој одлично се вклопува со сегашните трендови.
Ашера | Црнобело