Бојадисани пазуви, тетовирани очи: Најбизарните модни трендови во последно време
Модата се променила многу од почетокот на цивилизацијата. Она што го носиме сега не е за да се прилагодиме на опкружувањето, туку нашата облека е како еден вид искажување. Модата еволуира долго време, а по пат имала и некои навистина чудни фази.
Но често забораваме дека понекогаш и новите трендови можат да бидат луди. Како што модата постепено се менува од експресивна во експериментална, навистина можете да видите сè. Дали би пробале некој од трендовите во продолжение?
Најбизарните модни трендови од изминативе неколку години:
Двојни фармерки
Иако модата постојано се менува, постои едно нешто што останало непроменето со години – фармерките. Одвреме-навреме можеби ќе забележите по некој нов модел, но воглавно, фармерките останале исти и тоа со добра причина. Тие се издржливи, удобни и можете да ги комбинирате со што било.
Сепак, модната куќа Наташа Зинко не го мисли ова. Дизајнерите сметале дека бројот на струкови на фармерките е премногу мал. Па, направиле двојни фармерки кои имаат два струка, како и екстра џебови. Можеби вам ви изгледа чудно, но на луѓето му се допаднале овие фармерки. Всушност, сите модели биле распродадени само неколку дена откако биле пуштени во продажба.
Латекс чорапи
И покрај обидите на модните дизајнери и списанијата, чорапите никогаш не биле омиленото модно парче. Најмногу што можете да правите со нив е да експериментирате со должината и принтовите, но дури и тогаш, чорапите се само додаток.
Но некои дизајнери сметале дека чорапите заслужуваат повеќе внимание, па ги смислиле чорапите од латекс. Но овие чорапи не се само од латекс, туку имаат и чудни бои како црвена и боја на кожа.
Доколку некогаш сте купиле што било од Гучи, тогаш ќе знаете дека и овој додаток не е евтин – чорапите чинат неверојатни 1.400 долари, заедно со чевлите со коишто се комбинирани.
Ракави од џемпер
Облеката за лето и зима е поделена во разни категории. Но постојат и некои парчиња што можете да ги носите и во двете сезони. Од Келвин Клајн смислиле нешто помеѓу и ја создале блузата со ракави од џемпер.
Блузата е еден вид џемпер што можете да го носите во лето. Има тенка ткаенина што го покрива телото, а за неа се прикачени плетените ракави. Доколку сепак ви се допаѓа овој изглед, можете да го набавите џемперот по цена од 2.100 долари.
Асиметрични фармерки
На повеќето луѓе им се допаѓа вообичаениот дизајн на фармерките, иако многумина се обиделе да ги редизајнираат. Еден украински бренд го направил токму ова и на пазарот се појавија асиметричните фармерки.
Овие фармерки се како подобрена верзија на „застарениот“ дизајн. Целта на брендот била да ја стави Украина на светската модна мапа. Изгледа дека успеале во ова бидејќи многу модни критичари изјавиле дека токму овие фармерки се следното големо нешто во модата.
Фармерки со откриен задник
Изгледа дека сите сакаат да ги променат фармерките, па се појави и модел што го открива вашиот задник. Ова се сосема нормални фармерки, а единствената разлика е што имаат патент и назад и позади. Доколку сметате дека вашиот задник е премногу сокриен, можете да го откопчате патентот.