Бојадисани пазуви, тетовирани очи: Најбизарните модни трендови во последно време
Чевли копита
Коњите се навистина прекрасни суштества кои имале голема улога во растот на многу човечки цивилизации. Тие се брзи, можат да издржат во секакво опкружување и дозволуваат да се јаваат. Но дали некогаш сте посакале чевли како нозете на коњ? Можеби не, но дизајнерите на овие чевли дефинитивно размислувале во таа насока.
Чевлите што изгледаат како копита од коњ се тренд веќе некое време. Всушност, многу луѓе ги купуваат и се задоволни од продуктот.
Иако во минатото имало чевли со слична форма, на пример во Кина, тие сепак изгледале малку подобро.
Фарбање на влакната под пазувите
Мислењето за влакната под пазувите се менува со текот на времето и изгледа дека никогаш нема сите да се согласиме за едно исто. Воглавно, за прифатливо се смета бричењето на пазувите, но долго време никој не се грижел за ова. Но благодарение на овој тренд, темата повторно се дискутира.
Мажите и жените ширум светот почнале да ги фарбаат влакната под пазувите во секакви бои. Иако можеби ова започнало како дел од ЛГБТ движењето, досега е толку проширено, што на трендот не може да му се припише една цел. Постои дури и Инстаграм профил каде што се објавуваат фотографии од најдобро фарбани влакна под пазувите.
Хеланки што се топат
Кратките панталони се можеби најдоброто парче за во лето, а покрај тоа стојат одлично со сè. Но доколку сакате нешто поразлично, постојат хеланки и хулахопки што ќе направат вашите панталони да изгледаат како да се топат.
И покрај специфичниот изглед, овие парчиња облека се продаваат навистина често. Изгледот е постигнат со латекс и иако можеби ќе ве гледаат чудно, сепак можете да ги комбинирате нешто. Според критиките, многу луѓе ги купиле хеланките и се задоволни.
Фармерки танга
Доколку мислите дека обичните фармерки покриваат премногу, тогаш овој модел е за вас.
Овие фармерки се како и сите други, само што од нив е исечен поголемиот дел. Фармерките веќе се појавиле на пазарот преку бренд од Лос Анџелес, и за големо изненадување, сите модели биле распродадени за само неколку денови. Некои луѓе сметаат дека и овие фармерки стојат добро, а ако успеете да направите одлична комбинација со нив, тогаш можете да направите комбинација со сè.
Тетоважи на очи
Луѓето се тетовираат уште откако откриле природни пигменти и алатки за инјектирање. Тетоважите сè уште имаат важна улога во многу култури ширум светот. Дури и без културолошка причина, тетоважите сепак се навистина лично нешто.
Но и во тетовирањето има чудни трендови, а еден од најбизарните е тетовирањето на очите. Тетоважата се прави со инјектирање боја во окото и целиот процес е неудобен колку и што звучи. Покрај тоа, доколку ја направите оваа тетоважа кај неквалификуван артист, можно е да си го загрозите здравјето, па дури и да го изгубите видот.
Спирова С. | Црнобело