4 модели на фустани кои секоја жена ги посакува во лето
Фустаните се неизбежно парче облека од гардероберот на речиси секоја жена, a за време на топлите летни денови, фустаните се секогаш најдобриот избор.
Покрај тоа што со нив ќе изгледате добро без многу труд, фустаните се и поевтина варијанта од купување панталони или здолниште и блуза.
Ова лето дефинитивно започнува во знакот на фустаните, а следниве модели се некои од најпопуларните. Најдоброто од сè е што стојат добро на речиси секоја фигура.
Широк и лесен фустан до колена
Цветните мотиви, пастелните бои и широките лесни фустани се заштитен знак на оваа сезона. Краткиот летен фустан ова лето е „продолжен“ до колената.
Провидните материјали кои паѓаат врз телото им даваат дополнителна женственост на фустаните.
Долг фустан со копчиња
Долгиот темен фустан со копчиња е одличен избор за дневно, но и вечерно излегување. Овие спортско-елегантни фустани лесно можете да ги вклопите во секоја комбинација. Одлично ги нагласуваат женските атрибути, па сигурно ќе изгледате одлично.
Фустан со една прерамка
Има ли нешто позаводливо од жена која ги покажува своите рамена? Фустаните со една прерамка се вистинскиот избор за жените кои ова лето сакаат да заведуваат. На вас останува да одберете дали повеќе сакате краток или долг модел.
Долг фустан
Најголема слобода на движењата ќе почувствувате само со долг широк фустан. Уште подобро е ако фустанот е струкиран, така што ќе ја нагласи вашата половина. Без разлика каква е формата на вашето тело, никогаш нема да погрешите со долгите фустани.
Спирова С. | Црнобело