Тексас кошула - Омиленото модно парче за лето 2019
Кога ќе се земе предвид дека температурата во лето може да биде променлива, веројатно и вие сакате да се облекувате слоевито. Оваа сезона, за летните постудени ноќи, како вистински хит се покажаа тексас кошулите.
Овие кошули одлично се комбинираат со речиси секој изглед, а се многу подобра и полесна опција од тексас јакните.
Уште пред неколку години, тексас кошулите станаа модна класика и оттогаш се неизоставен дел од гардероберот на секој модерна девојка.
Одлично се комбинираат со фармерки, но и со кратки и долги здолништа, како и разни модели на фустани.
Оваа сезона популарни се „похрабрите“ модели со широки ракави и интересни карнери, кои се одличен избор доколу сакате да ја освежите модната комбинација.
Предноста на ова парче облека е тоа што се вклопува во секој стил, без разлика дали повеќе ви се допаѓа уличната мода или поженствените парчиња.
Можете да ги носите во секоја прилика, па доколку ја купите, тексас кошулата без сомнение ќе стане вашето омилено парче облека.
Спирова С. | Црнобело