Добро осмислени трикови поради кои имате необјаснива желба да трошите пари во Zara
Zara е веројатно најголемиот и најпознат ланец на т.н. „улични брендови.“ Славата е светска и непобедлива со години.
Но, како сите имаат неверојатно голема желба да ги трошат парите токму во Zara?
Откриваме неколку трикови кои можеби не сте ги знаеле, а конечно ќе ви ги отворат очите зошто немате проблем во Zara да ја оставите половина плата:
1. Најскапите парчиња се поставени на влезот
Со оглед на тоа што жените веруваат во љубов на прв поглед (посебно со облека и чевли) ова е одлична стратегија. Zara се води по стратегијата: го видов, го сакав, го купив.
2. Облеката, чевлите и чантите се на едно место
На овој начин, нема потреба да се мислите со какви чевли ќе ви одговара новиот фустан или капут – едноставно ги пробувате чевлите кои стојат во близина и сфаќате дека и нив мора да ги купите.
3. Zara нема буџет за маркетинг
Не се работи за штедење, туку за создавање на чувство на ексклузивност и квалитет. На крајот од краиштата, дали сте виделе Balenciaga или Versace постер?
Наместо во евтини реклами, Zara вложува во разни каталози, кои создаваат илузија дека купувате нешто скапо и елитно.
4. Брендот е распространет низ сите слоеви во општеството
А, тоа што Кејт Мидлтон знае да одбере Zara фустан или ланче, е повеќе од доволен маркетинг.
5. Брендот пушта „капсулни“ колекции кои ако не ги купите сега – нема да ви бидат достапни никогаш повеќе
Самата помисла дека јакната која ја видовте пред 10-тина дена на излогот можеби нема да биде никогаш ваша ако не ја купите сега, создава желба за импулсивен шопинг. А, тоа е најдобриот начин за бенефит.
М. Д. | Црнобело