Бохо стил, впечатливи бои, многу накит – Како изгледаа ѕвездите викендов на Coachella 2019? (фото)
Со почетокот на Coachella, официјално е отворена летната сезона на концерти, а ѕвездите започнаа со летниот моден изглед.
Иако вистинските ѕвезди треба да се оние кои настапувале на богатата програма на Coachella, сепак, секогаш најголем впечаток оставаат посетителите со нивните впечатливи модни избори.
Ѕвездите кои не го пропуштаат овој настан уживаат да променат неколку бохо, фестивалски аутфити.
Алесандра Амбросио како најголем фан на Coachella, Жизел Бундшен, Кендал и Кајли Џенер, Вини Харлоу, Џиџи Хадид и уште многу модели и блогерки се дел од оние кои оставија моден впечаток.
Како изгледаа ѕвездите викендов на Coachella 2019:
М. М. | Црнобело