11 модни трикови кои ќе направат да изгледате 10 години помладо
Внимателно со „старинските“ дезени и материјали
Тие носат убава ретро нота, но ако не ги искомбинирате правилно ќе ви додадат години. Подобро носете нешто монохроматско.
Избегнувајте должина до колената
Има многу дебати околу тоа која должина на здолниште е соодветна за жените според нивните години. Но, слушајте го својот инстинкт, па ако имате убави нозе, носете над колената, како француската прва дама Брижит Макрон која го прави тоа иако е во седмата деценија од животот.
Избегнувајте комплексени фризури и светла шминка
Цврстите локни и фризурите со многу лак за коса додаваат години, плус не се во тренд. Природната шминка дава младешки изглед.
Експериментирајте со чевлите
Класичните чевли се добар избор за специјални пригоди, но во секојдневието експериментирајте со комбинациите. А зошто да не фустан и патики?
Следете ја интуицијата
Советите се во ред, но следете ја интуицијата. На пример на постарите жени им се советува да ги избегнуваат детските дезени, но погледнете колку добро изгледа фустанот на Хелен Мирен. Најважно е да направите добра проценка.
С. С. | Црнобело