Најмодерен куфер на светот
Ако сте зависник од оригинален дизајн, гаџети или мода, а можеби и во се што наведобме, веруваме дека овој ултра модерен и современ носач за багаж е идеален за вас.
Необично убавиот куфер е јапонско дело, дизајнирано од Naoki Kawamoto и го носи името „Orishiki".
Името на моќниот црн моден детал е комбинација од „оригами“ и „фурошики“ составени во оригинален куфер.
Оригамите се познат извозен производ, уметност на сложување на хартијата, додека фурошики е вештина на сложување марами и крпи.
Куферот од внатре е тапациран со свила. Флексибилен е затоа што може и да се преправи во обичен куфер со неколку потези. Изгледа одличен, и нема шанси да го измешате со останатите патници.