Моден водич за мажи и жени: Како да носите одело со патики? (фото)
Во очекување на потопли и сончеви денови, време е да почнеме да размислуваме за полесна гардероба.
Оние на кои работното место или стилот им наложува да носат одела веројатно ќе бидат во потрага по полесни варијанти за да се чувствуваат попријатно.
Идеална (пред)пролетна комбинација е одело + патики, со која секогаш ќе изгледате официјално, елегантно и стилски.
Доколку мислите дека е невозможно одело да се комбинира со патики, се лажете, а овие момци и девојки во продолжение се доказ дека секогаш може да изгледате совршено во најразлични комбинации.
Одело со маичка, џемпер, кошула и кравата – на секоја комбинација одговараат стилски патики во добро одбрана боја.
Во продолжение погледнете идеи за аутфити со одело и патики и инспирирајте се.